Адвокатска канцеларија ИВА ПЕТРОВСКА

ПРЕВЕНЦИЈА НА ПРОБЛЕМОТ, НАМЕСТО НЕГОВО РЕШАВАЊЕ

Пристапот во работењето на Адвокатската канцеларија ИВА ПЕТРОВСКА се заснова на концептот на Превентивното право, како модерен пристап во светската правна пракса, насочен кон предвидување и кон избегнување на правните проблеми и спорови.

Традиционалниот правен метод „da mihi factum, dabo tibi ius“ (Дај ми факти, јас ќе ти го дадам правото), се потпира на принципот на идентификување – која правна норма треба да се примени на конкретен случај. Како таков, истиот претставува реактивен метод, поради тоа што реагира на даден случај.

Додека пак, Превентивниот пристап се потпира на принципот на – спречување на правниот проблем пред воопшто да настане, наместо да се третира проблемот откако веќе се настанал.

Крајната цел на ваквиот превентивен пристап е да се избегнат или намалат ризиците за клиентот обично од економски карактер, како и да се поштеди клиентот од влегување во долга и скапа судска или управна постапка, која што одзема време и енергија, вклучувајќи економска несигурност и емоционален стрес.

„Времето да се видите со адвокат е кога сте легално здрави – секако пред почетокот на парницата и пред да се појават правни проблеми“. Луис М. Браун

Сепак, за обезбедување на превентивна правна заштита, предуслов е клиентот претходно да бара правна консултација, и тоа на редовна база.

Константната правна поддршка на компаниите од страна на адвокатска канцеларија во текот на нивното секојдневно деловно работење, а со цел усогласеност на деловното работење со важечката регулатива, претставува веќе неопходност за компаниите во современото живеење, како што се т.н. „периодичните правни здравствени прегледи“ за физички лица во нивното секојдневно живеење.