ОБЛАСТИ НА РАБОТА
Адвокатската канцеларија обезбедува
Видови на договори
Адвокатската канцеларија обезбедува правни услуги претежно во поглед на следниве видови договори:
Трговски договори:
- Договори за купопродажба
- Договори за набавка на стоки
- Договори за услуги
- Е-договори
- Договори за градба (FIDIC договори)
- Општо и специјално полномошно
- Договори за аутсорсинг
- Договори за пренос на удел
- Договори за ортаклук /за заедничко вложување (Joint Venture)
- Договори за меѓународна трговија (со упатување на правилата за Инкотермс на МКС)
- Договори за франшиза
- Договори за доверливост (NDA)
- Антикорупциски клаузули во договорите за соработка
- Договори за забрана на конкуренција
- Договори за вработување и Менаџерски договори
Имотно- правните договори:
- Договори за купопродажба
- Договори за делба на имот и за размена на имот
- Договори за закуп
- Договори за заем
- Договори за дар
- Договор за доживотна поддршка
- Договори за распределба на имот за време на животот
- Договори за авторски права
Семејно- правни договори:
- Спогодби за издршка на брачен другар или член на семејство, за издршка на деца и за старателство над заеднички деца
- Договори за заедничко живеење на вонбрачни партнери (вонбрачна заедница)
Видови на услуги
Во оваа правна област, Адвокатската канцеларија ИВА ПЕТРОВСКА ги обезбедува следниве правни услуги:
- Ревидирање на договор
- Длабински правни анализи (LDD) на договори
- Учество во преговори
- Подготовка на договор
- Менаџирање / раководење со договори (интегрални активности за подготовка и спроведуање на договорот кои опфаќаат: преговарање, состав на договорот, ревидирање, надгледување при негово практично реализирање, измени и дополнувања на договорот, продолжувања и обнова на договорот)
- Застапување при солемнизација на договори пред нотар
- Евидентирање на договори во јавни регистри
- Присилно извршување на договорите

Видови на услуги
Во оваа област од правото, Адвокатската канцеларија ИВА ПЕТРОВСКА ги обезбедува следниве правни услуги:
- Купопродажба;
- Делба и размена на имот;
- Договори за закуп;
- Градење на недвижен имот;
- Извршување врз недвижност заради реализација на побарување
- Советување за - сите видови на трансакции со недвижнoсти;
- Застапување во даночните постапки (Данок на имот, Данок на наследство и подарок и Данок на промет на имот)
- Парница;
- Алтернативно решавање на спорови (водење преговори, медијација и склучување вонсудски спогодби);
- Застапување во управни постапки и управни спорови (денационализација, приватизација, експропријација, постапки за запишување и бришење на уписи на правата во јавните книги);
- Застапување на деловни состаноци.
- Длабински правни анализи (LDD)
- Застапување пред Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП)

Видови спорови
- Граѓански парници и стопански спорови;
- Домашна парница и парница со меѓународен елемент;
- Привремени мерки
- Имотнo-правни спорови (утврдување на сопственост, стекнување сопственост, надомест на штета – обична штета, изгубена добивка и нематеријална штета; утврдување на ништовност на акти);
- Семејни спорови (развод на брак, издршка, старателство, родителски права, оспорување на татковство);
- Работни спорови
- Спорови по платни налози;
- Признавање и извршување на странски судски и странски арбитражни одлуки.
Видови на услуги
Во оваа област на работа, Адвокатската канцеларија ИВА ПЕТРОВСКА ги обезбедува следните правни услуги:
- Правно истражување и пребарување
- Обезбедување на докази
- Aнализа на регулатива (домашна регулатива и меѓународни конвенции)
- Анализа на судска пракса (домашна судска пракса и судска пракса на ЕСЧП)
- Правни мислења
- Развивање на стратегија за судење (теорија на случај) и Стратешко водење на предметот
- Водење на преговори
- Подготовка и ревидирање на Спогодби
- Изготвување правни документи (Тужби, Одговори на тужби, Барања, Предлози, Пријави, образложени Поднесоци, Жалби, Ревизии, Предлози за повторување и одговори на истите, Барања за извршувања);
- Застапување на рочишта

Алтернативно решавање на споровите (АРС) претставува заеднички назив за сите вонсудски методи за решавање на споровите. Алтернативните начини на решавање на споровите се побрзи и поефикасни начини за решавање на споровите, за граѓаните и за деловните субјекти, во споредба со судските парници кои се скапи, депресивно спори и неизвесни.
Видови на методи на АРС
Алтернативни начин на решавање на споровите се следните:
Предностите на АРС
Предностите од користење на механизмите на АРС се следни:
- помалку потрошено време,
- помалку потрошени финансиски средства,
- подобар квалитет на правда,
- почитување на достоинството на личноста,
- флексибилност,
- доверливост,
- едностепеност на постапката,
- контрола на странките врз постапката (во смисла на можноста самостојно да ги дизајнираат правилата на постапката).
- онлајн преземање на дејствија
Видови на спорови
Видови на спорови во кои може да се применат Алтернативните начин на решавање на споровите, се следни:
- имотноправни спорови,
- семејни спорови,
- работни спорови,
- трговски спорови,
- потрошувачки спорови,
- осигурителни спорови,
- спорови од областа на образованието,
- заштитата на животната средина,
- спорови во врска со дискриминацијата,
- заштита на правата на пациентите.
ПРЕГОВАРАЊЕ
Преговарањето е процес во кој двете страни со заемни отстапки работат кон изнаоѓање на заедничко, прифатливо решение, при тоа без со цел ниту една од страните да нема чувство дека наполно “изгубила“ ниту пак дека наполно “победила“.
ПОМИРУВАЊЕ
Помирувањето е процес на алтернативно решавање на спорови (АРС) во кој што страните назначуваат трето лице – помирувач од листата на лиценцирани помирувачи, кое како неутрално и непристрасно лице, им помага на страните вклучени во спорот да постигнат спогодбено решение со водење на преговорите.
Во домашниот правен систем, помирувањето законски е предвидено како постапка за мирно решавање на колективните работни спорови, како и кај потрошувачките спорови.
Постапката за помирување на колективниот работен спор се води пред Одборот за помирување, кој го сочинуваат еднаков број на претставници од страните во спорот, и помирувачот.Одборот за помирување, е тој кој што, после спроведената расправа, донесува препорака за начинот на решавање на спорот. Помирувачот нема право на одлучување.
Ако страните ја прифатат препораката, склучуваат Спогодба за решавање на спорот. Ако предмет на спорот е колективен договор,препораката претставува составен дел од колективниот договор, ако предметот не е колективен договор, Спогодбата има сила на судско решение.
МЕДИЈАЦИЈА
Медијацијата –претставува начин на решавање на споровите, преку преговарање, со помош на еден или повеќе лиценцирани медијатори, кое завршува со писмена спогодба, која странките може да ја солемнизираат кај нотар, со што на истата ќе и даадт сила на извршна исправа, и тоа со примена на повластена стапка за пониски трошоци за солемнизација на медијаторска спогодба во нотарскиот тарифник.
Електронска Медијација (Online Медијација)
Особено корисна во услови на Ковид пандемијата и на важење на мерките за физичко дистанцирање, како одлична алтернатива за решавање на граѓанските и стопанските спорови, е можноста за електронска медијација (е- медијација), која овозможува брзо и економично решавање на споровите, и полесен пристап до правдата.
Online Медијацијата може да се спроведе преку средства за електронска комуникација: со видео-конференциски платформи (Zoom, Skype и сл), со електронска пошта или други системи за електронска размена на податоци.
АРБИТРАЖА
Арбитража е постапка за мирно решавање на спорови, во која страните учеснички именуваат најчесто тројца или еден арбитер, како неутрални лица, кои ќе донесат мериторна одлука за спорот откако ќе ги сослушаат ставовите на двете страни. Ваквата одлука се изедначува со правосилна судска пресуда донесена во здемјата.
Предностите на арбитражата:
- непристрасност во одлучувањето,
- професионалност, стручност и искуство на арбитрите,
- едностепеност во одлучувањето,
- побрзи и поедноставни процедури,
- доверливост на постапката
- значително помали трошоци и
- правосилност и извршност на арбитражната одлука.
Видови услуги
УСЛУГИ КАЈ ПРЕГОВАРАЊЕ
Адвокатската канцеларија нуди услуги на водење на преговори, учество во преговори и помош при преговорање, во областа на семејното право, наследното право, имотно правните односи, работните и деловните односи, како начин за:
- креативно решавање на конфликти со цел склучување на формални или неформални спогодби, или
- услогласување на договорните услови при склучување на договори.
УСЛУГИ КАЈ ПОМИРУВАЊЕ
Адвокатската канцеларија нуди услуги на обезбедување на совети и насоки на странките- при изнесување на предлози од претставниците на странките во постапката за помирување.
УСЛУГИ ПРИ МЕДИЈАЦИЈА (Online Медијација)
Во постапката на Медијација – Адвокатската канцеларија ги обезбедува следните услуги:
- Учество во преговори;
- Генерирање и развивање иновативни решенија за решавање на спорови
- Подготовка на правни документи;
- Предлог за поведување на постапка за медијација,
- Образложена и необразложена Писмена изјава до медијаторот и другата страна,
- Предлог со мислења и ставови со цел за постигнување на спогодбата;
- Учество на заедничка средба со медијаторот и другата страна/ на одвоена средба со медијаторот (пандан на рочиште);
- Ревидирање и подготовка на писмена спогодба за решавање на спорот меѓу страните;
- Застапување пред нотар за солемнизација на спогодба.
УСЛУГИ ПРИ АРБИТРАЖА
Видови на услуги кои ги обезбедува Адвокатсакта канцеларија во доменот на арбитражата, се следните:
- Подготовка на Барање за арбитража, Одговор на барањето за арбитража, писмени известувања и Поднесоци
- Обезбедување и анализа на докази
- Застапување на усна расправа –изнесување наводи, сослушување на сведоци и вештаци
- Учество во преговори
- Правна помош, застапување и советување во сите фази на арбитражната постапка

Видови на услуги
Од оваа област на работа ги обезбедуваме следните правните услуги:
- Основање, статусни промени, стечај и ликвидација на правни лица;
- Изработка на правни документи од секојдневното деловно работење;
- Подготовка и преглед на комерцијални договори, договори за вработување и менаџерски договори;
- Преглед на чувствителни деловни документи и соопштенија за печатот;
- Застапување во постапките за вработување на странци;
- Претставување на деловни состаноци;
- Обезбедување дозволи и одобренија од државните органи на управа;
- Признавање и извршување на странски судки одлуки и стрнски арбитражни одлуки;
- Застапување во сложени стопански спорови;
- Алтернативно решавање на спорови (водење преговори, склучување вонсудски спогодби, застапување при медијација или арбитража);
- Наплата на долгови;
- Застапување на компании во кривична постапка;
- Застапување на компании во прекршочна постапка;
- Давање правни совети за усогласеност со регулативата (домашни и меѓународни регулативи);
- Подготовка на Длабински правни анализи (LDD);
- Подготовка на мислења за даночната регулативи:
- Даноци на доход (данок на добивка и персонален данок на доход),
- Даноци на потрошувачка (Данок на додадена вредност, акцизи и царина) и
- Данок на имот (Данок на имот, Данок на подарок и наследство и Данок на промет на имот).

Видови на услуги
Во оваа област од правото, Адвокатската канцеларија ИВА ПЕТРОВСКА ги обезбедува следниве правни услуги:
- Подготовка и ревидирање на договори за вработување и менаџерски договори;
- Застапување во постапките за вработување на странци;
- Правни совети за усогласеност со регулативата за работните односи и работничките права;
- Подготовка и преглед на Спогодби за решавањ на спорови;
- Работни спорови;
- Подготовка на правни мислења според домашна и меѓународна регулативи;
- Подготовка на правни документи - Правилници за работа, за дисциплинска постапка, безбедност и здравје при работа и други документи во врска со работните односи;
- Застапување пред државните органи;
- Застапување на состаноци;
- Учество во преговори;
- Подготовка на Дабинска правна анализа (LDD).

Видови на услуги
Во оваа област од правото, ги ообезбедуваме следниве правни услуги:
- Застапување во бракоразводни постапки, брачни спорови и и семејни постапки;
- Преговарање и изготвување на спогодби за издршка, старателство и за доверување на чување и воспитување на заеднички деца;
- Советување во доменот на старателство и посвојување;
- Застапување пред државните органи и судови во постапките за семејно насилство;
- Застапување во постапка за одземање деловена способност и за назначување на старател;
- Застапување во постапка за одземање на родителски права и враќање на родителски права;

Видови на услуги
Во оваа област од правото, ги ообезбедуваме следниве правни услуги:
- Правно советување за правата на наследство;
- Советување за подготовка на тестаменти и легати;
- Застапување при преговори со заинтересирани страни;
- Подготвување на специјални полномошна за наследнички изјави;
- Застапување во оставински постапки;
- Застапување во спорови за наследување;
- Поведување на вонпарнични постапки за депонирање на тестамент;
- Иницирање на неспорни постапки за депонирање волја;
- Застапување во даночни постапки пред органите на локалната власт;
- Регистрирање на имотни права во јавните регистри за евиденција на права

Меѓународното приватно право е дел од националното законодавство кое го определува (i) меродавното право и (ii) надлежност на домашните судови (или надлежноста на други домашни органи), во поглед на правните односи со меѓународен елемент помеѓу приватни лица.
Видови на правни односи
Видови на правни односи кои што можат да содржат или да бидат поврзани со странски елемент, се следниве:
- лични (статусни) правни односи
- семејно правни односи
- наследно правни односи
- имотно-правни односи
- работни односи
- трговски односи
- монетарни односи
Видови странски елементи
Поврзувањето со странското право (странскиот елемент) може да се однесува на:
- субјектот на односот - да е странско приватно лице;
- предметот на односот – да се наоѓа во странство;
- правен факт – да се случил во странство;
- друга правна врска со странско право (поврзано со Интернет, странски давател на услуги, странски сервер).
Видови на услуги
Во оваа област од правото, Адвокатска канцелаија ИВА ПЕТРОВСКА ги обезбедува следниве правни услуги:
- Правна консултација за меродавно право и надлежен суд/ државен орган
- Правни мислења
- Подготовка на правни документи
- Помош при спроведување на соодветни постапки
- Застапување пред судовите и државните органи.

Обезбедуваме интегрални правни мислења на странските клиенти во врска со основите, условите и процедурите за стекнување – дозволи за престој, државјанство, работни дозволи и основање на компанија, со посебен осврт за синхронизирано спроведување на таквите постапки.
Видови на услуги
Во оваа област на работа, Адвокатска канцелаија ИВА ПЕТРОВСКА ги обезбедува следниве правни услуги:
- Консултации и помош при –Регулирање на престојот на странци:
- Краткорочен престој,
- Привремен престој
- Постојан престој.
- Консултации и помош при - Добивање работни дозволи за странци:
- Лична работна дозвола;
- Дозвола за вработување;
- Дозвола за работа;
- Консултации и помош при - Стекнување Имот;
- Консултации и помош при - Стекнување Државјанство;
- Регистрање на Странски Инвестиции;
- Застапување пред судовите и државните органи.

Видови предмети
Адвокатската канцеларија обезбедува правни услуги за следниве видови субјекти, односно улоги во кривичната постапка:
- Оштетени странки и обвинети
- Физички лица и правни лица
- Обвинети –со ментална попреченост

Видови на услуги
Во оваа област од правото, Адвокатската канцеларија ИВА ПЕТРОВСКА ги обезбедува следниве правни услуги:
- Правно истражување
- Обезбедување на докази
- Анализа на судска пракса (домашна судска пракса и судска пракса на ЕСЧП)
- Развивање на стратегија за судење (теорија на случај) и Стратешко водење на предметот
- Застапување при сослушување пред јавен обвинител
- Застапување на судски рочишта
- Побарување штета во кривична постапка
- Застапување во кривична постапка за престанок на мерки на безбедност
- Подготовка на правни документи
- Правни консултации
- Правни мислења
Човековите слободи и права се предмет на заштита на Уставот на Рспублика Северна Македонија, законите и бројни меѓународни конвенции чиј што потписник е нашата држава.
Меѓународни конвенции
Позначајни меѓународни конвенции чија што членка е Северна Македонија се следните договори:
- Европската конвенција за човекови права
- Меѓународниот пакт за граѓански и политички права
- Меѓународниот пакт за економски, социјални и културни права
- Конвенцијата против мачење и други облици на сурово, нечовечно или
понижувачко постапување или казнување; - Меѓународната конвенција за елиминирање на сите форми на расна
дискриминација; - Меѓународната конвенција за елиминација на сите форми на
дискриминација на жената - Конвенцијата за правата на детето
- Меѓународната конвенција за правата на лицата со попреченост;
- Меѓународната конвенција за заштита на сите луѓе од принудно
исчезнување.
Северна Македонија не е држава членка на следните конвенции:
- Меѓународната конвенција за заштита на правата на мигрантските работници и членовите на нивните семејства
Видови на заштита
Заштита на човековите слободи и правата во Северна Македонија се обезбеддува пред:
слободите и правата на човекот и граѓанинот што се однесуваат на слободата на уверувањето, совеста, мислата и јавното изразување на мислата, политичкото здружување и дејствување и забраната на дискриминација на граѓаните по основ на пол, раса, верска, национална, социјална и политичка припадност, а кои се повредени од поединечни акти на државната управа и на другите институции кои вршат јавни овластувања.
- Остварување на право на социјална парична помош
- Доделување на стипендии на ученици и студенти
- Остварување на право на старосна, семејна и инвалидска пензија
- Остварување на право на поврат на парични средства дадени за лекување
- Неисплатени придонеси од здравствено и пензиско осигурување
- Повреда на избирачко право
- Повреда на правото на сопственост по основ на денационализација, експропријација и приватизација на градежно земјиште
- Остварување на права кои произлегуваат од концесиони договори
- Остварување на права кои произлегуваат од договори за јавни набавки
- Повреда на правото на живот
- Говор на омраза
- Повреда на телесниот и физичкиот интегритет
- Повреда на слободите и правата на човекот и граѓанинот
- Повреда на избирачко право
- Повреда на права кои произлегуваат од работен однос –социјално осигуварување
- Повреда на половата слобода и половиот морал
- Повреда на правата кои се однесуваат на здравјето на луѓето
- Повреда на правото на сопственост (имотот)
- Остварување на право на социјална парична помош
- Доделување на стипендии на ученици и студенти
- Остварување на право на старосна, семејна и инвалидска
пензија - Остварување на право на поврат на парични средства дадени за лекување
- Неисплатени придонеси од здравствено и пензиско осигурување
- Повреда на избирачко право
- Повреда на правото на сопственост по основ на денационализација, експропријација и приватизација на градежно земјиште
- Остварување на права кои произлегуваат од концесиони договори
- Остварување на права кои произлегуваат од договори за јавни набавки
- повреди на уставните и законските права на граѓаните од органите на државната управа и од други лица кои вршат јавни овластувања;
- кога се повредени начелата на недискриминација и соодветна и правична застапеност на припадниците на заедниците.
дискриминација при остварување на човековите права и слободи – против кое било физичко лице, правно лице или група – сторено од страна на било кој државно тело, единица на локална самоуправа, правно или физичко лице, засновано врз:
- пол,
- раса,
- боја на кожа,
- родов идентитет или сексуална ориентација,
- припадност на маргинализирана група,
- етничка припадност,
- јазик,
- државјанство,
- социјално потекло,
- религија или верско уверување,
- друго уверување,
- образование,
- политичка припадност,
- лично својство или општествен статус,
- ментална или физичка попреченост,
- возраст,
- брачен или семеен статус,
- имотна состојба,
- здравствена состојба или било кои други дискриминаторски основи предвидени како такви со закон или ратификуван меѓународен договор.
само повреди на правата и слободите на физички лица, организации и трговски друштва кои се загарантирани со Европската конвенција за човекови права.
Видови услуги:
Адвокатската канцеларија ИВА ПЕТРОВСКА во оваа област ги нуди следните правни услуги:
- идентификација на повредите на човековите права;
- правно советување во врска со реализација на соодветна судкса или друга заштита;
- подготовка на Длабински правни анализи на домашна регулатива и меѓуанродна конвенции;
- истражување и анализи на судската пракса на ЕСЧП (Европскиот суд за човекови права);
- застапување пред Уставниот суд на РСМ;
- Иницирање на постапка за заштита до Народниот правобранител;
- Застапување пред Комисијата за спречување и заштита од дискриминација;
- Застапување пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур;
