ЗА НАС

Генерални информации

Адвокатската канцеларија ИВА ПЕТРОВСКА е обучена да обезбеди правна помош за различни правни ситуации во кои може да се затече едно правно лице (компанија, здружение или институција) во секојдневното деловно работење, односно во кои едно физичко лице може да се најде во секојдневното живеење.

Фокусот и тенденциите на практиката на Адвокатската канцеларија ИВА ПЕТРОВСКА се методот на Превентивното право и механизмите за Алтернативно Решавање на Спорови.

Експертизата на Адвокатската канцеларија ИВА ПЕТРОВСКА вклучува советување на компаниите по однос на: правилно корпоративно управување, усогласеност на деловното работење со важечката регулатива, структурирање на договори и решавање на конфликти – како мерки за Управување со правните ризици.

Адвокатската канцеларија ИВА ПЕТРОВСКА е специјализирана за подготовка на Длабински правни анализи (LDD) според македонското законодавство и меѓународни конвенции, вклучувајќи ги и Длабинските правни анализи за Човекови права за потребите на деловните субјекти – кои подразбираат проценка на ефектите од деловното работење на компанијата врз човековите права, како и советување за преземање на соодветни чекори од компанијата заради избегнување или редуцирање на повредите на човековите права.

Адвокатската канцеларија ИВА ПЕТРОВСКА обезбедува правни услуги во областите на граѓанското, деловното право, управното право и кривичното право.

Работна етика

Во согласност со ограничувањата од Кодексот за професионална етика на адвокатите на Адвокатската комора на Македонија, Списокот на клиенти на Адвокатската канцеларија ИВА ПЕТРОВСКА, како и цените на услугите не смеат да бидат објавени.

Земајќи предвид дека Кодексот на етика забранува објавување на личните и професионалните квалитети на адвокатот, Адвокатската канцеларија ИВА ПЕТРОВСКА почитувајќи ја таквата забрана, ќе ги опише единствено методите и принципите на работа.

Адвокатската канцеларија ИВА ПЕТРОВСКА во својата пракса редовно ги следи измените и дополнувањата во домашната регулатива и промените во домашната правна практика, како и меѓународните трендови во правната литература и пракса, а пред се судската пракса на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП).

Пристапот во работата на Адвокатската канцеларија се заснова на принципите на Превентивното право. Целта е да се постигне превентивна заштита, под мотото – попрво спречување на правниот проблем отколку негово третирање.

Превентивното адвокатура се постигнува со:

  • Проактивно правно советување
  • Помош при преговарање и склучување на спогодби
  • Подготовка на договори со детализирани услови
  • Алтернативно решавање на спорови (АРС) е заеднички термин за сите вонсудски методи за решавање спорови.
  • Алтернативното решавање на спорови е побрз и поефикасен начин за решавање на спорови, за граѓаните и деловните субјекти, во споредба со парницата која е скапа, депресивно бавна и неизвесна.

„Обесхрабрувајте парници. Кога и да можете, убедете ги соседите да направат компромис. Посочете им како именуваниот победник е често фактички губитник – во поглед на надоместоци, трошоци и изгубено време. Како миротворец, адвокатот има супериорна можност да биде добар човек. “- Абрахам Линколн

  • Револуцијата на механизмите за Алтернативно решавање на спорови, допрва ќе биде “мејнстрим“ препознаена, како што недостатоците на парницата стануваат се поочигледни.

Адвокатската канцеларија нуди интегрален и систематски пристап во идентификувањето и проценката на ризиците, и следствено развој на стратегии и мерки за нивно спречување или намалување преку советување за: соодветно донесување на одлуки, преземање на чекори, примена на регулатива или статусни промени. Имено, ние нудиме советување за спречување или редицирање на:

  • Структурни ризици (кои произлегуваат од организациската структура на компанијата и од одлуките за управување);
  • Ризици од усогласеност (кои произлегуваат од обврската за усогласување на деловното работење на компанијата со соодветната регулатива);
  • Договорни ризици (кои произлегуваат од договори и други односи со трети лица); и
  • Ризици од парница (кои произлегуваат од можноста да се биде странка во граѓанска или кривична судска постапка).

Работењето на Адвокатската канцеларија е организирано врз принципите на „Управување со правен проект“(ЛПМ). Ова подразбира стратешки пристап во управувањето со секој правен проект или случај, организација, координација и контрола на активностите на секој чинител/актер во процесот (клиент, експерт, преведувач, нотар, извршител, државен службеник и спротивставена страна), а сè со цел најдобар можен исход за клиентот – односно ефикасно завршен проект, и тоа:

  • навремено,
  • на ефективен начин и
  • според соодветен стандард.

Пристапот на Адвокатската канцеларија во секој правен проект или случај, ги респектира следниве аспекти на процесот:

одвојување време за целосно разбирање на барањата на клиентот;

  • темелна анализа и посветување на соодветно внимание на деталите;
  • стратешко планирање – запазување на временските рамки, ресурси и буџет;
  • организирање на работните активности и справување со логистиката на процесот;
  • мониторинг и соодветно ажурирање на секоја заинтересирана страна за развојот на настаните;
  • ефикасно справување со непредвидливи околности.

ТИМ

Основач Г-ица Ива Петровска, Адвокат

Научен труд на автор Ива Петровска, од Адвокатската канцеларија “ИВА ПЕТРОВСКА Скопје“, објавена во стручното списание „Правен дијалог“, издание бр. 22, издадено од Институтот за Човекови Права (ИЧП) во Скопје, на ден 10 декември 2020 година, со наслов: 

„Потребата од детерминирање на правото на ревизија во постапката за егзекватура, со цел усогласување со критериумите за допуштеност од член 35 на ЕКЧП“.

https://ihr.org.mk/storage/app/media/Legal%20Dialogue/pravendijalog22.pdf

Правен консултант Г-дин Владо Петровски

- Експерт од областите на Енергетика, Надворешно трговски односи, Работни односи, Имотно правни односи, Договорни односи и Постапки за јавни набавки.

Г-дин Владо Петровски е дипломиран правник со 35 годишно искуство во практикување на правото во
сферата на Енергетиката – нафтена индустрија и природен гас, на раководни позиции во компаниите
Макпетрол АД Скопје и ЈП ГА-МА Скопје (сегашно ГА-МА АД Скопје).

Аутсорсинг правни услуги

Со цел зголемување на продуктивноста, како и потребата да се задоволат барањата на клиентите на најефикасен начин, а во согласност со глобалниот тренд во правната пракса, Адвокатската канцеларија користи аутсорсинг правни услуги (правни услуги од надворешни извори) од локални адвокати, правници, приправници и сметководители.

Соработка со еминентни експерти

Адвокатската канцеларија има воспоставено редовна соработка со реномирани експерти од разни области на експертиза (право, финансии, психијатрија, архитектура и градежништво), проценувачи, геодети, компании за овластени судски преводи, компании за сметководство, извршители и нотари.